Дома Фудбал Репрезентации Група ирански спортисти до ФИФА: Исфрлете не од Светското првенсто!

Група ирански спортисти до ФИФА: Исфрлете не од Светското првенсто!

На Светското првенство во Катар кое ќе се игра од 20. ноември до 18 декември. pепрезентацијата на Иран е во група со Англија, Велс и селекцијата на САД.

Група ирански спортисти сега побараа од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да ја исфрли иранската репрезентација од претстојното Светско првенство поради 6руталноста на владата кон сопствениот народ, но и поради тоа што на жените со години им беше забранет пристапот до стадионите.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Меѓу потписниците на писмото се и судијата на ФИФА Мохамед Реза Фегани, шампионот во џудо Вахид Сарлак и поранешниот фудбалер Шива Амини, објави Скај.

„Бpyталноста и воинственоста на Иран кон сопствениот народ достигна крајна точка, барајќи недвосмислено и цврсто одвојување од светот на фудбалот и спортот. Фудбалот, кој треба да биде безбедно место за сите, не е безбеден за жените, па дури ни за мажите“, се вели во соопштението.

„На жените постојано им се забранува пристап до стадионите ширум земјата и се систематски исклучени од фудбалскиот екосистем во Иран, што е во целосна спротивност со вредностите и статутите на ФИФА“, се вели во соопштението.

Протестите во Иран почнаа на 16 септември поради cмртта на 22-годишната Макса Амини, која неколку дена претходно беше приведена поради неправилно носење хиџаб. Иранската полиција 6рутално ги задушуваше протестите, стотици демонстранти беа уапсени, а повеќе од 120 лица загинаа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мурињо се враќа на работа во Премиерлигата!?

Тотенхем минува низ една од своите најслаби сезони во поновата историја, моментално се нао…