Дома Трансфер зона Арсенал не се откажува од Милинковиќ-Савиќ

Арсенал не се откажува од Милинковиќ-Савиќ

Арсенал не се откажува од намерата да го доведе во своите редови Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат медиумите на Островот.

Србинот веќе долго време е на мета на „топџиите“, но трансферот не се реализира поради високата отштета која ја бара Лацио.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


СМС блеска и оваа сезона, а на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лацио е под притисок.

Поради тоа Арсенал верува дека со понуда од 70 милиони евра ќе го убеди италијанскиот клуб да го пушти Милинковиќ-Савиќ.

Сепак, „топџиите“ ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за играчот силен интерес покажува и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…