Дома Фудбал Репрезентации Големи промени во Катар за СП: Нема затвоp за алкоxoл, геј паровите ќе можат да се држат за рака

Големи промени во Катар за СП: Нема затвоp за алкоxoл, геј паровите ќе можат да се држат за рака

Првиот човек на организацијата на Светското првенство во фудбал Насер Ал Катер најави големи промени во Катар пред и за време на натпреварувањето.

Најголемите промени се однесуваат на алкохолот. Бидејќи Катар е традиционална муслиманска земја, досега граѓаните кои беа под дејство на алкохол на јавни места завршуваа во затвор.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Но, тоа ќе се промени кога ќе почне Светското првенство. Катарците ќе создадат „зони на трезвеност“, каде навивачите кои испиле премногу ќе одат да се отрезнат и безбедно да се вратат во своето сместување.

„Тие зони ќе се состојат од шатори, изјави Катер за „Скај њуз“, а пијаните луѓе ќе бидат обезбедени таму за да не се повредат себеси или другите.“

Големи промени ќе се воведат и во односот кон хомосексуалците. Иако Катар е многу конзервативна земја кога станува збор за правата на сексуалните малцинства, Ал Катер рече дека ќе им дозволи на геј паровите да се држат за рака во јавност и нема да ги казнува поради тоа.

„Сè што бараме е нашите гости да ја почитуваат културата. На крајот на денот, се додека не им наштетуваат на луѓето околу нив, се додека не го уништуваат јавното добро и се додека не се однесуваат насилно секој е добредојден кај нас и нема за што да се грижи“, заклучи шефот на организацијата на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…