Македонската репрезентација до 15 години загуби со 3:2 од Србија на вториот конторлен натпревар одигран денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првиот дуел меѓу двете младински селекции заврши без победник 2:2.
На денешниот натпревар, фудбалерите на селекторот Раде Каранфиловски дојдоа во водство со голот на Митановски во 10. минута. Сепак гостите од Србија со три гола, од кои два на Матијашевиќ и еден на Маровиќ, поведоа со 1:3 до полувреме.
На почетокот на вториот дел, нашата селекција со гол од пенал на Грашевски успеа да го ублажи поразот.