Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Направивме грешки кои не смеат да се повторат

Лазаров: Направивме грешки кои не смеат да се повторат

Македонската ракометна репрезентација без поголеми проблеми запиша голема победа над Луксембург (38:24) во квалификациите за Европското првенство во 2024.

Сепак и покрај победата селекторот Кире Лазаров не е во целост задоволен од она што го одиграле неговите избраници, особено во второто полувреме.

„Им честитам на моите ракометари за победата и нивниот однос кон натпреварот. Тешко е да се одржувате мотивирани кога водите со 11 гола разлика, бев играч и го рабзирам тоа. Во второто полувреме ритамот падна, се обидовме да го искористиме за тренинг, но направивме грешки какви што не смеат да се случуваат во иднина“, изјави Лазаров.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Штип го славеше златото на Џорлев, шампионот веќе сонува сениорски врв

Марко Џорлев доби свечен пречек во Штип по кадетската светска титула во Полска. По петте п…