Најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија, скопски Работнички од денеска има нов спонзор, српската компанија МТЕЛ.
На промоцијата на новиот спонзор на Работнички присуствуваа градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, како и премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, кој доби дрес на подарок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Станува збор за ново поглавје, ново партнерство на нашиот најтрофеен клуб, најголемиот бренд на Центар и еден од најпрепознатливите спортски колективи во нашата држава. Заложбата ќе биде повторно да го вратиме Работнички на старите победнички патеки.
Со спонзорството од „Мтел“ обезбедуваме сигурна иднина за најтрофејниот кошаркарски колектив“, изјави Герасимовски.
Во последните десет години Работнички само еднаш беше шампион на Македонија и тоа во 2018 година, преостанатите девет титули завршија кај МЗТ Скопје.