Дома Трансфер зона Повторно пресврт: Баркли не го одбил Челзи!

Повторно пресврт: Баркли не го одбил Челзи!

Како што пренесуваат англиските медиуми, фудбалерот на „карамелите“ сепак би можел да пристигне на „Стенфорд Бриџ“, во зимскиот преоден рок.

Антонио Конте и Челзи во текот на вчерашниот ден беа во потрага по нови засилувања, а еден од фудбалерите кои беше блиску до потпис со „сините“ е и Рос Баркли.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што е познато, Баркли се појавил и на лекарските прегледи, но и покрај тоа тој на крајот остана на „Гудисон Парк“.  Англиските медиуми на големо пренесуваа дека Баркли во последен момент се одлучил да не потпишува за Челзи, но изгледа дека ситуацијата не е баш таква.

Баркли ги поминал прегледите, иако е познато дека е повреден, а на прегледите било утврдено дека на терените би можел да се врати кон крајот на ноември. „Сините“ поради тоа во тој момент одлучиле да не го ангажираат фудбалерот, барем не во овој момент.

Наводно, Конте би можел да тргне во нов напад на Баркли во зимскиот преоден рок кога и неговата цена би можела да биде нешто пониска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…