Дома Фудбал Репрезентации Видал го погодија критиките: Не грижете се, наскоро заминувам!

Видал го погодија критиките: Не грижете се, наскоро заминувам!

Чилеанецот Артуро Видал кој ги брани боите на Баерн Минхен најави повлекување од репрезентацијата после поразот од Парагвај во квалификациите за Светското првенство.

Видал „успеа“ да си постигне неверојатен автогол во поразот од Парагвај по кој беше мета на големи критики, а токму тие критики беа причина фудбалерот преку својот Инстаграм профил да најави повлекување од репрезентацијата.

„Сега, секоја лоша вибрација во земјата може биде среќна. Не се грижете, нема да потрае уште долго, наскоро заминувам“, напиша Видал на својот Инстаграм профил.

Видал за репрезентацијата на Чиле одигра 96 натпревари и постигна 23 погодоци, покрај тоа беше и еден од најзаслужните за триумфот на оваа репрезентација на Копа Америка во 2015 и 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…