Дома Фудбал Проблеми за Вентура и Алегри – Се повреди Џорџо Киелини

Проблеми за Вентура и Алегри – Се повреди Џорџо Киелини

Менаџерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, но и селекторот на Италја, Вентура, ќе имаат проблеми пред натпреварите од првенството, односно квалификациите за Светското првенство во Русија.

Столбот на Јувентус и репрезентацијата, Џорџо Киелини, денес ги напушти припремите на репрезентацијата поради повреда, тој ќе ги пропушти натпреварите на Италија против Шпанија и Израел.

Фудбалскиот сојуз на Италија соопшти дека Килини на денешниот тренинг го повредил листот на десната нога.

Покрај натпреварите за репрезентација искусниот дефанзивец би можел да пропушти и два натпревари за неговиот клуб и тоа против Киево во првенство и првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите кој Јувентус ќе го игра против Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Селта до Индија: Дражиќ со два гола го предводеше Мохун Баган

Дејан Дражиќ беше двоен стрелец во победата од 3-2 над Одиша. Некогашниот српски талент де…