Дома Трансфер зона Надал помогнал во трансферот на фудбалерот кој сега е пред заминување од Реал Мадрид

Надал помогнал во трансферот на фудбалерот кој сега е пред заминување од Реал Мадрид

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е голем навивач на Реал Мадрид, а тој учествувал и во ангажманот на еден од фудбалерите на европскиот шампион.

Надал помогнал во ангажирање на Марко Асенсио, откако разговарал со шпанскиот фудбалер и го убедил да потпише за Реал, иако постоел интерес од Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Асенсио, сепак, ќе си замине од Мадрид следното лето, а наводно веќе потпишал преддоговор со каталонскиот гигант.

Шпанецот треба да стави потпис следното лето на договор на четири години, а засега не е познато колку пари ќе добива по сезона.

За шпанскиот фудбалер беа заинтересирани и Ливерпул, Арсенал, Манчестер јунајтед и Челзи, но сепак Асенсио реши да остане во Реал до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…