Рафаел Надал долги години беше ривал на Федерер на теренот, па затоа беше и посебно емотивен на вчерашното простување од тенисот на Швајцарецот.
Надал не можеше да ги задржи солзите во последниот меч на Федерер кој го одигра како негов партнер против Тиафо и Сок на Лајвер купот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По мечот и призна дека за него овој момент е тежок и посебен.
„Чест ми беше да бидам дел од овој голем момент. Со заминувањето на Федерер си заминува голем дел од мојот живот. Тешко е да се опише, многу емоции…На еден крај секогаш има нов почеток. Роџерс успеа после толку тешки моменти среќен да го дочека овој ден, тој е икон и еден од најголемите во спортот воопшто“.
„Јас сум чувствителна личност и не се грижам многу за плачењето, понекогаш е добро да ги оставиш емоциите да работат, емоцијата е дел од животот. Не сум добро, морам да размислам во соба, имам внатрешен конфликт“, изјави Надал.
Откри дека оваа година бил блиску и тој да се пензионира.
„Бев блиску оваа година да се пензионирам, во еден момент мислев дека Ролан Гарос ќе биде мојот последен турнир. Имав многу несреќи и проблеми во приватниот живот. Сега не сакам да размислувам за пензија, мојот личен живот ми е на прво место и сакам се да биде во ред“, истакна Рафа.