Дома Трансфер зона Ливерпул го сака плејмејкерот на Милан

Ливерпул го сака плејмејкерот на Милан

Ливерпул е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер, пренесуваат италијанските медиуми.

Клоп во алжирскиот репрезентативец гледа идеално засилување за средниот ред, каде „црвените“ имаат многу проблеми од почетокот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот е загрижен поради малкуте алтернативи кои ги има во средниот ред и верува дека Бенасер одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Алжирецот има договор со „росонерите“ до 2024 година, но Милан веќе започна преговори за продолжување на соработката и сигурно нема да го продаде во јануари.

Бенасер има откупна клаузула од 50 милиони евра, сума која Ливерпул е спремен да ја плати, доколку Бенасер на го продолжи договорот на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ја плаќа клаузулата за Гираси

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси го привлече вниманието на многу европски клубови, а на…