Иако беше најавено се уште не е сигурно дека Федерер ќе биде во можност да игра на Лајвер Купот кој треба да биде негов последен во кариерата.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Минатата недела Федерер најави дека од 23. до 25. септември ќе го игра последниот турнир во кариерата во Лондон, меѓутоа неизвесно е дали ќе може да настапи пред лондонската публика.




Дека може да има пресврт најави неговиот фитнес тренер, Пјер Паганини.




„Ќе одлучи во последен момент. Во последните неколку дена е во тренажен процес и ја има првичната слика како се чувствува. Возбудени сме поради тоа што ќе се случува во Лондон. Верувам дека ќе излезе на теренот и публиката ќе добие можност да го поздрави“.




„Добро знаевме дека е готово уште во јули, направивме се за да ја продолжиме неговата кариера со различни елементи во тренинзите, но не беше можно“, изјави Паганини.