Дома Фудбал Англија Официјално: Брајтон го доведе наследникот на Потер

Официјално: Брајтон го доведе наследникот на Потер

Поранешниот тренер на Брајтон Роберто Де Зерби е промовиран во нов тренер на премиерлигашот Брајтон каде што го наследува Грахам Потер кој по добрите резултати во овој клуб го презема Челзи.

Де Зерби е стратег кој има голем углед во Италија, во изминатите денови дури се поврзуваше и со Јувентус како опција ако Масимилијано Алегри добие отказ.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Со задоволство можеме да потврдиме дека Роберто Де Зерби е нов главен тренер, тој потпиша договор на четири години“, соопшти премиерлигашот.

Најголемиот успех Де Зерби го имаше на клупата на Сасуоло од 2018 до 2021 година. Во тој период неговиот офанзивен стил на игра беше забележан од сите во Италија. Последниот ангажман го имаше во Шахтјор од каде што си замина по нападите на Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Донарума по тешкиот пораз брутално искрен: Ова е неприфатливо!

Голем удар за италијанската репрезентација на Сан Сиро. И покрај тоа што поведе, тимот на …