Дома Топ вести Бомба: Играчот слета во Барселона, се очекува официјализација!

Бомба: Играчот слета во Барселона, се очекува официјализација!

Ријад Марез слета во Барселона и до крајот на денот ќе стане нов фудбалер на Барса, потврдија каталонските медиуми.

Играчот на Лестер утрово го напушти кампот на репрезентацијата и отпатува да го финализира трансферот. Иако првично не се знаеше за кој клуб станува збор, сега пристигнуваат информации дека стигнал во Барселона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сеуште не се познати деталите за трансферот, но од порано се знае дека Лестер за неговата слобода бара 50 милиони евра, што за Барселона нема да биде проблем да ги плати.

Откако Барселона доби уште едно НЕ од Ливерпул за Филипе Кутињо мораше да се насочи кон пореални мети, па Ријад Марез беше „планот Б“ на Каталонците.

Се очекува во наредните часови Марез и официјално да биде претставен како нов член на Барселона, а останува да видиме дали трансферот на Кутињо конечно пропаднал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…