Репрезентативецот на Словенија и ѕвезда на Баер Леверкузен, Кевин Кампл од денес и официјално е нов член на Лајпциг.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веќе неколку денови се шпекулираше дека Кампл кариерата ќе ја породолжи во Лајпциг, а денес стигна и официјална потврда на трансферот.
Германските медиуми пренесуваат дека тимот на Ред Бул на „фармацевтите“ ќе им плати 20 милиони евра за потписот на Словенецот.
Кемпл во минатото играше за еден друг тим на Ред Бул – Салзбург, а потоа преку Борусија Дортмунд пристигна во Леверкузен.
Ова сигурно ќе биде големо засилување за Лајпциг со оглед на фактот што тимот оваа сезона настапува и во Лигата на шампиони.