Хамес Родригез се врати во Европа и потпиша за Олимпијакос каде што ќе игра заедно со неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Марсело.
На Колумбиецот му се исполни желбата да се врати во Европа по кратката епизода во Ал-Рајан со кој имаше договор со 2024 година и заработуваше шест милиони евра по сезона. Засега деталите од договорот на Хамес со Олимпијакос не се објавени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сигурно дека Хамес се радува што во Грција ќе игра заедно со Бразилеот Марсело.
Кога се завршуваше преодниот рок во најсилните пет првенства Хамес истакна дека бил спремен да потпише за Валенсија.
„Ако Валенсија ме повика и пеш ќе дојдам од Катар. Би ја намалил својата плата спремен сум на се. Ако им е потребен некој да му асистира на Кавани, тука сум за нив. Тие се одличен клуб со фантастични навивачи“, изјави тогаш во Хамес.
Треба да се спомене и дека во Олимпијакос претходно во преодниот рок пристигна поранешниот дефанзивец на Атлетико Мадрид, Хрватот Шиме Вршаљко.