Дома Фудбал Репрезентации Саудиска Арабија, Египет и Грција сакаат да организираат Мундијал?

Саудиска Арабија, Египет и Грција сакаат да организираат Мундијал?

Светското првенство во Катар во ноември е се поблиску, а сега пристигнуваат информации за Мундијалот во 2030.

Британски „Тајмс“ објави дека Саудиска Арабија, Египет и Грција сакаат заеднички да организираат Мундијал. Според најавите за неколку недели кандидатурата би требало официјално да биде објавена.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Овие три земји би можеле да бидат сериозни конкуренти на Шпанија и Португалија, чија кандидатура е поддржана од УЕФА. Саудиска Арабија, Египет и Грција претставуваат три различни конфедерации и се очекува да бидат подржани од Азија, Африка и уште некои европски земји.

Уругвај, Аргентина, Чиле и Парагвај исто така би можеле да објават заедничка кандидатура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Киеза не сака да си оди од Ливерпул

Италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза им соопштил на раководството и тренерскиот ти…