Дома Трансфер зона НЕ СОНУВАТЕ: Свонси го доведува човекот кој требаше да биде ГОЛЕМО засилување за Баерн Минхен!

НЕ СОНУВАТЕ: Свонси го доведува човекот кој требаше да биде ГОЛЕМО засилување за Баерн Минхен!

Фудбалерот за кого многу се пишуваше ова лето, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата и тоа во редовите на Совонси, пренесува Џанлука Ди Марцио.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Свонси ова лето заработи огромна сума од продажбата на Гифли Сигурдсон кој премина во редовите на Евертон за сума од 50 милиони евра. Од таа сума „лебедите“ до овој момент го ангажираа само Сем Клукас од Хал, а се очекува и да го откупат договорот на Вилфрен Бони од Манчестер Сити.

Но, како што пренесува секогаш добро упатениот Џанлука Ди Марцио, најголемото засилување за тимот на Свонси би требало да пристигне ни помалку, ни повеќе туку од германскиот гигант Баерн Минхен.

Во прашање е Ренато Санчез кој во текот на целото лето се поврзуваше со заминување од Баерн. Младиот Португалец минатото лето пристигна во Баерн како големо засилување, но менаџерот на баварците, Карло Анчелоти повеќе пати истакна дека Санчез може да го напушти клубот.

На крајот изгледа дека Санчез наредната една година ќе ја помине како позајмен фудбалер во Свонси, после што ќе се врати во шампиониот на Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…