Дома Останати Поради анорекција Липницкаја оди во пензија на 19 години

Поради анорекција Липницкаја оди во пензија на 19 години

Руската натпреварувачка во уметничко лизгање, Јулија Липницкаја, која се бори со анорекција, одлучи да ја заврши својата професионална кариера на 19 години.

Нејзината мајка, Даниела Липницкаја, изјави за агенцијата Tass дека Јулија уште во април го известила Лизгачкиот сојуз на Русија дека оди во пензија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Јулија Липницкаја го освои тимскиот златен медал на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година, кога имаше само 15 години и така стана најмладата олимписка шампионка во уметничко лизгање од 1936 наваму.

Меѓутоа, таа не успеа да освои медал во поединечна конкуренција, иако беше сметана за една од најголемите фаворитки за злато.

Липницкаја на Светското првенство во 2014 година освои сребро и тоа беше нејзиното последно големо натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Фјури со тешки обвинувања: Усик победи затоа што Украина е во војна

Олександар Усик е новиот светски шампион во бокс, откако во голема борба го победи Тајсон …