Дома Трансфер зона Агентот: Неколку клубови го сакаат Милинковиќ-Савиќ, но останува во Лацио

Агентот: Неколку клубови го сакаат Милинковиќ-Савиќ, но останува во Лацио

Агентот на Милинковиќ-Савиќ, Матија Кежман потврди дека играчот и после овој трансфер прозорец ќе остане во Лацио.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


СМС после уште една одлична сезона се очекуваше ова лето сигурно да направи трансфер, особено поради фактот што за него интерес покажуваа неколку европски гиганти.

Меѓутоа, Кежман потврди дека Лацио поставил висока цена за Милинковиќ-Савиќ, која никој од заинтересираните клубови не бил спремен да ја плати.

„Одлуката е донесена, тој ќе остане во Лацио ова лето. Многу клубови покажаа интерес за Сергеј, но никој не беше спремен да ја плати сумата која ја бараше Лацио“, изјави Кежман.

„Њукасл покажа интерес, но тоа не е опција бидејќи Сергеј сака во иднина да игра во клуб кој постојано настапува во ЛШ. Милан и Јувентус исто така силно го посакуваат, но беа искрени со мене и ми кажаа дека нема да можат да ја платат сумата која ја бара Лацио“, додаде агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…