Дома Македонски спорт Мак баскет Ѓуроски ја продолжува кариерата во Шпанија

Ѓуроски ја продолжува кариерата во Шпанија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски кариерата ќе ја продолжи во шпанскиот второлигаш Оуренсе.

Станува збор за екипа од „ЛЕБ оро“ лигата, добро позната за 30-годишниот Ѓуроски, кој веќе има искуство со настапи во оваа конкуренција како играч на Хуеска, Mелила и Аликанте.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Ѓуроски овој преоден рок имаше неколку понуди, а на крајот се одлучи да ѝ се приклучи на екипата на Оуренсе и да се врати на Пиринеите.

Ѓуроски вчера во стартната победа на Македонија во претквалификациите за Евробаскет 2025 придонесе со десет поени, додавајќи два скока и три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…