Шпанските медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид е силно заинтересиран за хрватскиот репрезентативец Ловро Мајер.
Хрватскиот плејмејкер одигра одлична сезона за Рен каде на 49 меча постигна 11 гола и запиша 13 асистенции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега е веќе стандарден хрватски репрезентативец, а во татковината го доби епитетот „новиот Модриќ“.
Скаутите на многу европски гиганти веќе подолго време го следат Ловро Мајер, а најконкретен е интересот на Атлетико Мадрид.
„Јорганџиите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и спремаат понуда за 24-годишниот плејмејкер, но Рен не сака да го пушти за помалку од 30 милиони евра.
🚨 Atletico Madrid are continuing talks to sign Rennes' 24-year-old player Lovro Majer.
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) August 25, 2022
🇭🇷 🔴 #Rennes 🔵 #Atleti pic.twitter.com/DvaetZDp70