Вардар против Нексе утре ќе се бори за место на Ф4 турнирот во СЕХА лигата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред овој натпревар на прес-конференцијата зборуваше и капитенот Стојанче Стоилов кој истакна дека Нексе е тим кој добро го познаваат.




„Со Нексе играме долго време и тоа е тим кој го познаваме. Имаме само почит за нив, станува збор за тврда екипа која не ја победивме минатата година, сега се надевам ќе имаме сили да славиме. Иако имавме малку време за подготовки, очекувам поддршка од публиката и полна сала“, изјави Стоилов.




Вардар и Нексе натпреварот го играат утре во 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“.