Хрватот Борна Чориќ испиша историја како најлошо рангиран тенисер на АТП листата кој триумфирал на мастерс-турнир откако го освои Синсинати со победата против Циципас од 7:6 и 6:2.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
До освојувањето на турнирот тој стигна како 152 тенисер во светот, а американските медиуми неговиот успех го споредуваа со оној на Горан Иванишевиќ кој на „Вимблдон“ во 2001 година настапи со специјална покана.




Со освојувањето на Синсинати Чориќ ќе направи неверојатен скок на АТП листата и ќе биде на 29. позиција на најновата ранг листа.




Исто така тој стана четвртиот хрватски тенисер со мастерс титула по Иванишевиќ, Иван Љуббичиќ и Марин Чилиќ. За овој триумф заработи 970.000 долари.