Дома Фудбал Мајк Дин ја призна грешката во дербито помеѓу Челзи и Тотенхем

Мајк Дин ја призна грешката во дербито помеѓу Челзи и Тотенхем

Во второто коло од Премиер лигата Челзи одигра 2:2 против Тотенхем на „Стенфорд Бриџ“, а овој натпревар беше одбележан со неколку контроверзни одлуки.

Посебно се истакнува онаа во последните минути од мечот. Сега судијата Мајк Дин кој на овој меч беше во ВАР собата призна дека требало да го повика Ентони Тејлор да ја погледна ситуацијата.

„Можеби не можев да барам прекршок, но можев да го повикам Тејлор да ја погледне ситуацијата. На прв поглед не ми изгледаше ништо посебно, но кога ја видов снимката подоцна сфатив дека погрешив“, призна Дин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…