Maкедонската најдобра атлетичарка Дрита Ислами лошо истрча на денешната квалификациска трка на 400 метри со пречки во Минхен.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Патеката Ислами ја мина за 1.01.56. минути што е далеку полош резултат од нејзиниот личен рекорд кој воедно е и македонски 57.53. По слабиот настап таа се огласи на социјалните мрежи барајќи ја причината во тешката сезона.




„Борејќи се со повреди цела сезона, а и со коронавирусот пред само две недели и тоа по вторпат годинава, не се чувствував доволно конкурентна, но решив да трчам и да го дадам најдоброто од себе на ЕП. Но, тоа што го научив е дека морам да обрнам внимание на моето здравје на прво место. Сега се фокусирам на 2023 година и да имам убав почеток следната сезона“, објави Ислами на социјалните мрежи.




Со ваквиот заврши учеството на македонските атлетичари на ЕП, во понеделникот Дарио Ивановски не успеа да ја заврши трката.