Дома Македонски спорт Мак ракомет „Ќе останеш до 2018. па макар и да умреш“: Обрадовиќ по заканите од Металург ќе ја бара правдата пред арбитражниот суд на ЕХФ

„Ќе останеш до 2018. па макар и да умреш“: Обрадовиќ по заканите од Металург ќе ја бара правдата пред арбитражниот суд на ЕХФ

Ракометарот кој настапуваше во дресот на Металург, Немања Обрадовиќво интервју за српските медиуми истакна дека ова што му го прави тимот од Автокоманда е нечовечки.

Откако по една година не успеа да најде заеднички јазик за продолжување на соработката, Обрадовиќ одлучи да потпише двегодишен договор со полски Висла Плок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, во моментов Металург иако нема право на тоа, не сака да му даде исписница на српскиот интернационалец, а бара и 50.000 евра од полскиот состав.

„Со Металург имавме договор на една година, со можност да преговараме. Но, не се договоривме и со сето право потпишав двегодишен договор со Висла Плок. Оттаму не знам што е спорно, но она што ми го прави Металург е нечовечки. Не ми даваат исписница, а и бараат обештета на која немаат право. Најпрво мојот нов клуб им понуди 10,000 евра, но тие побараа многу повеќе. Ова ќе го докажувам пред судот на ЕХФ во Виена затоа што сум во право. Ми беше прекрасно во Македонија, а и имав одлична сезона која резултираше со најдобар стрелец и во домашното првенство и ЛШ“, истакна Обрадовиќ.

Српските медиуми информираат дека Обрадовиќ се соочил со закана од Металург кој му порачал: „Ќе останеш до 2018. година, па макар и да умреш“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …