Дома Фудбал Германија Нема зима за Баерн: Потпишан договор вреден 250 милиони евра!

Нема зима за Баерн: Потпишан договор вреден 250 милиони евра!

Германскиот шампион и најтрофеен клуб Баерн Минхен е без конкуренцијата во Бундеслигата, а за Баварците нема зима и на финансиски план.

Баерн го продолжи договорот со својот главен спонзор до 2027 година и така ќе добијат нови 250 милиони евра, односно по 50 милиони годишно.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Германскиот „Телеком“ и Баерн имаат дводецениска соработка и се очекуваше дека нема да има проблеми за продолжување на договорот, посебно затоа што Баерн во изминатата деценија нема конкуренција во Германија, а освоија и две европски титули во 2013 и 2020 година.

Оваа сезона Баерн веќе освои еден трофеј, германскиот Суперкуп. Бундеслигата ја започна со две победи во првите два натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…