Дома Фудбал Вернер: Поставив рекорд во ВАР одлуки против мене

Вернер: Поставив рекорд во ВАР одлуки против мене

После само две сезони во Челзи, Тимо Вернер го напушти Лондон и повторно ќе го носи дресот на Лајпциг.

На „Стенфорд Бриџ“ Вернер пристигна како големо засилиуање, но и покрај тоа што беше лидер помеѓу стрелците во тимот во првата сезона не ги исполни очекувањата.

Сега по враќањето во Лајпциг зборуваше за неговата ситуација во Челзи.

„Првата година во Челзи беше најуспешната за мене на лично ниво, но секогаш се отсликуваше полоша отколку што беше., Јас бев најдобриот стрелец и ја освоивме Лигата на шампионите. Имав и промашувања, а мислам дека поставив рекорд со ВАР одлуки против мене. Тој рекорд во блиска иднина тешко дека некој ќе го сруши, потоа ја изгубив самодовербата“, изјави Вернер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Девет месеци чекање, па шпалир и аплаузи: Савона повторно на терен! (Видео)

Николо Савона се врати на тренинзи на трева по тешката повреда на коленото, а соиграчите и…