Дома Трансфер зона Костиќ утре на прегледи во Торино

Костиќ утре на прегледи во Торино

Јувентус е пред комплетирање на трансферот на ѕвездата на Ајнтрахт Франкфурт и српски репрезентативец, Филип Костиќ , пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Костиќ беше блиску до трансфер во Вест Хем, но откако Јувентус се вклучи во трката тој избра да се пресели во Торино.

Агентите на крилниот фудбалер постигнаа комплетен договор со „старата дама“, а двата клуба ги договараат последните детали.

Според информациите трансферот ќе чини 15 милиони евра со вклучени бонуси, а Костиќ утре треба да пристигне во Торино на лекарски прегледи и да стави потпис на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…