Италијанските медиуми објавија вчера дека Филип Костиќ е на чекор од потпис со Јувентус.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес пристигнуваат нови информации кои ги објави Фабрицио Романо. Познатиот новинар тврди дека Костиќ ги договорил личните услови со Јувентус и дека тука нема никаков проблем. Во Торино Костиќ го чека плата од 2.5 милиони евра и договор на три години.




Преостанува уште клубовите да ги договорат конечните детали, а наводно се работи за бонусите. Според информациите договорена е оштета од 15 милиони евра, Ајнтрахт сака бонуси кои ќе бидат врзани за настапите на Костиќ и неговиот учинок.




Објавено е дека Костиќ имал понуда и од Вест Хем кој му нудел повеќе пари, меѓутоа негова желба е Јувентус. Во Јувентус тој ќе игра и заедно со неговиот соиграч од репрезентацијата Душан Влаховиќ.