Барселона денес го претстави дефанзивецот кој пристигнува од Севиља, Жил Кунде.
И Кунде го потврди она што се пишуваше во медиумите, дека бил блиску до потпис со Челзи, но на крајот Барселона победила во трката за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клучен момент за тој да ја избере Барселона бил разговорот со Чави.
„Можев да се одам и во Челзи, но ја избрав Барселона поради амбициозниот проект. После разговорот со Чави веднаш ја почувствував неговата пасија и колку многу сака да бидам дел од неговиот тим. Тоа беше многу важно за мене“.
Од него Чави побарал две работи.
„Во разговорот исто така ми кажа дека од мене ќе бара да бидам агресивен и да ја изнесувам топката од одбраната“, изјави Кунде.