Дома Фудбал Англија Фирмино: Го сакам Ливерпул и сакам да останам

Фирмино: Го сакам Ливерпул и сакам да останам

Во претходните денови актуелни беа вестите за потенцијалното заминување на Роберто Фирмино од Ливерпул. Меѓутоа Бразилецот не сака да го напушти „Енфилд“.

Минатата сезона Бразилецот полека почна да го губи местото стартер. Оваа сезона со доаѓањето на Дарвин Нуњез не се очекува да добие сериозна минутажа на теренот, иако стартуваше во Комјунити Шилд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Го сакам овој тим, го сакам овој град и навивачите. Тука сум среќен и секако дека сакам да останам“, изјави Фирмино.

Фирмино во Ливерпул пристигна во 2015 година и имаше голема улога во најголемите успеси на клубот во оваа деценија, како освојувањето на Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Лига Купот, Комјунити Шилд, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Договорот на Фирмино со Ливерпул му истекува следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…