Maсимилијано Алегри до крајот на сезоната сака да го засили нападот на Јувентус.
На „старата дама“ потребен и е уште еден офанзивец кој би бил партнер на Душан Влаховиќ. Медиумите во Италија пренесуваат дека во овој момент Јувентус разгледува три опции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првата опција е изненадувачко враќање на Алваро Мората кој пред само еден месец го напушти клубот бидејќи Јувентус не ја искористи опцијата за откуп од Атлетико.
Втората опција е позајмица на Тимо Вернер, позајмицата би била со опција за откуп на крајот од сезоната. Третата опција која во овој момент е најмалку веројатна е Мемфис Депај. Барселона доведе неколку офанзивци, па сега Депај е „вишок“ и се очекува да го напушти „Камп Ноу“.