Дома Фудбал Кунде објасни зошто ја избрал Барселона

Кунде објасни зошто ја избрал Барселона

Барселона вчера и официјално го претстави новиот стопер, Жил Кунде кој пристигна од Севиља.

За неговите услуги Каталонците ќе платат 50 милиони евра, плус 10 преку разни бонуси. Така Кунде стана најскапиот фудбалер кој Севиља некогаш го продала. По потписот на договорот Кунде објасни што било пресудно да потпише за Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Господинот Чави е причината што дојдов тука. Разговарав со него неколку пати и многу ми се допадна неговиот говор. Разговорите од почетокот одеа во добра насока, затоа што на фудбалот гледаме на ист начин. Ќе направам се за да добијам што повеќе минути“.

„Јас сум динамичен фудбалер со полна енергија и добра способност да одземам топка и да бидам агресивен. Сакам да освојам се. Секако, имам цели, но не поставувам граници“, изјави Кунде.

Покрај Барселона за потписот на Кунде заинтересирани беа екипите на Челзи и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…