Дома Фудбал Англија Проблеми за Клоп пред дуелот за првиот трофеј против Гвардиола

Проблеми за Клоп пред дуелот за првиот трофеј против Гвардиола

Во сабота од 18:00 часот ќе го гледаме дуелот за првиот трофеј оваа сезона во англискиот фудбал.

Станува збор за Комјунити шилд каде што силите ќе ги одмерат Ливерпул и Манчестер Сити.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Црвените“ вчера беа поразени во пријателскиот натпревар против Салзбург 1:0, но и Сити изгуби во својот припремен натпревар против Баерн Минхен (1:0).

Клоп ќе има дополнителни проблеми затоа што денес беше соопштено дека натпреварот со „граѓаните“ ќе го пропуштат Жота и Алисон. Алисон беше скоро незаменлив во текот на претходната сезона, а ќе видиме за кого сега Клоп ќе се одлучи.

Младиот Келер не одигра ниту еден натпревар во припремите, додека искусниот Адриан бранеше вчера против австрискиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Замената за Влаховиќ пристигна во Јувентус

Канадскиот фудбалски репрезентативец Џонатан Дејвид стана нов играч на Јувентус, што беше …