Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез го обнови интересот за напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот одигра фантастична сезона и беше избран за најдобар фудбалер во Бундеслигата, но минатиот месец го продолжи договорот со Лајциг.




Реал го следи 24-годишниот фудбалер веќе година и пол и на „Сантијаго Бернабеу“ се сериозно импресионирани од неговите квалитети. „Кралевите“ се во потрага по млад напаѓач кој ќе биде алтернатива за Бензема, а воедно и да биде инвестиција за иднината.




Нкунку неодамна потпиша нов договор со Лајпциг до 2026 година, но Реал спрема богата понуда и ќе се обиде да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.