Репрезентативецот на Македонија, Езгјан Алиоски во овој период ги поминува деновите од одморот после завршувањето на обврските во сезоната во Саудиска Арабија. Најавите се дека Џани кариерата ќе ја продолжи во турскиот шампион Трабзонспор.
Од поодамна се најавува дека трансферот е скоро завршен, но се уште не се случил. Турските меидуми објавија дека доаѓањето на Алиоски е на „стенд бај“ и зависи од ослободувањето на „странската квота“ во тимот. Штом „вишокот“ странци го напуштат Трабзон се би требало да биде комплетирано.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Информациите се дека Алиоски преговарал со Трабзон уште за време на репрезентативните обврски и прифатил плата од два милиони евра годишно. Уште минатото лето Трабзон се поврзуваше со Алиоски, но тогаш македонскиот репрезентативец ја избра понудата од Ал Ахли.