Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас денес и официјално за нов соиграч го доби Грузиецот Квича Кваратсхелија, трансфер кој беше потврден од претходно.
Грузиецот кој гостуваше неодамна во Скопје и беше стрелец на еден од головите во победата од 3:0 во Наполи ќе заработува еден милион евра годишно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од него во Наполи, но и во Грузија очекуваат многу затоа што се опишува како играчот кој покажал најмногу потенциајл и квалитет во последните неколку години во грузискиот фудбал.
Во кариерата тој беше дел од Рубин Казан, но по руската агресија и санкциите кон руските клубови се врати во татковината. Со Наполи потпиша договор на пет години. Станува збор за играч кој може да игра на сите позиции зад напаѓачите.