Шпански Рајо Ваљекано во своите редови го доведе голманот Диего Лопез кој ја чуваше мрежата на Еспањол.
Лопез во Рајо стигна како слободен играч, но овој потег за навивачите е изненадување затоа што Столе Димитриевски одлично го чува голот. Поради тоа веќе се помислува дека ова е најава за трансфер на македонскиот голман.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во јануари Димитриевски преговараше со Барселона, се појави и опција за трансфер во Саудиска Арабија во Ал Наср. На крајот остана во Рајо. Во Барселона не се пресели само затоа што Каталонците не успеаа да го продадат Нето кој и сега е на трансфер листа.
По завршувањето на сезоната дел од шпанските медиуми блиску до Рајо пренесуваа дека клубот може да се реши да го продаде Димитриевски ако дојде добра понуда.
OFICIAL | @DiegoLopezOf es nuevo jugador del Rayo Vallecano para la temporada 2022-23.
— Rayo Vallecano (@RayoVallecano) July 2, 2022
¡Bienvenido, Diego López! ⚡️ pic.twitter.com/zX8qBrsaNm