Дома Трансфер зона Се редат потписи на „Сан Сиро“: Флоренци уште три години во Милан!

Се редат потписи на „Сан Сиро“: Флоренци уште три години во Милан!

После Дивок Ориги, Паоло Малдини и Рики Месара следуваше уште еден потпис на „Сан Сиро“. Милан одлучи да ја искористи опцијата за откуп на Алесандро Флоренци и сега дефинитивно е играч на „росонерите“.

Искусниот 31-годишен бек потпиша тригодишен договор со шампионот на Италија. Минатата сезона Флоренци играше како позајмен играч во Рома, а „росонерите“ ја искористија опцијата да го откупат за три милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Серија А Флоренци минатата сезона одигра 24 натпревари од кои 12 како стартер и постигна два гола. За Флоренци ова е втор клуб во кариерата во кој е врзан под договор, бидејќи претходните 11 години беше врзан со договор за Рома. Во меѓувреме беше позајмен во Валенсија и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…