Oткако доби ново раководство тимот на Тетекс започна со припемите на тимот за наредната сезона во Втората македонска фудбалска лига.
Клубот од Тетово промовираше четири нови имиња кои доаѓаат од други клубови, а беа продолжени договорите и со тројца, еден младинец ќе добие шанса во првиот тим. Играчите кои доаѓаат се исто така повратници во Тетекс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Посебно задоволство ни претатавува денешното доаѓање на фудбалери кои потекнуваат од ФК Тетекс, а се повратници во нашиот клуб. Од првиот ден најавивме дека тенденција ќе биде враќање и давање шанса на фудбалери кои потекнуваат од Тетово и тетовскиот регион. Им посакуваме на сите успешни настапи во претстојната сезона.
Нови фудбалери се:
Михајло Јакимовски од Воска
Марко Спироски од Македонија ЃП
Бојан Зафировски од Македонија ЃП
Арменд Адеми од Кадино
Профолжени се договорите со: Марко Ивановиќ, Стефан Стефановски и Агон Елмази .Во првата екипа е вклучен и голманот Стефан Богојевски“, соопштија од Тетекс.
Воедно закажани се и 5 контролни натпревари:
20.07 – Работнички
23.07 – Воска
26.07 – Струга ТЉ
29.07 – Караорман
06.08 – Пелистер (генералка)