Дома Трансфер зона Изненадување: Икарди е пред потпис со Монца!

Изненадување: Икарди е пред потпис со Монца!

Aргентинскиот напаѓач Мауро Икарди е пред враќање во Серија А после неуспешната епизода во ПСЖ каде што не доби преголема минутажа. Италијанските медиуми пренесуваат дека Икарди би можел да биде ново засилување за новиот калчолигаш Монца.

„Спорт Медијасет“, медиум кој е во сопственост на Берлускони како и Монца објави дека Икарди има прималива понуда. Сопртугата на Икарди, Ванда Нара наводно инсистира на враќање во Италија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Освен тоа и ПСЖ сака да се ослободи од Икарди кој е „вишок“. Клубот од Париз би можел да го пушти Икарди со опција за позајмица со откуп по завршувањето на сезоната.

Икарди во Серија А покрај Интер го носеше и дресот на Сампдорија каде што играше одличен фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…