Давид Дејвис нема да биде повеќе тренер на Вардар освен ако не се случи некаков пресврт во ситуацијата.
Вардар и Дејвис имале договор тој да остане, но ако клубот игра во Лигата на шампионите. Наследник на Дејвис ќе биде Владо Недановски. сепак Михајловски ја остави „отворена“ вратата за Дејвис во случај да го смени мислењето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со Дејвис имавме договор до остане, секогаш сакаше да биде тука ако играме во ЛШ. Имавме се договорено пред да дојде одлуката. Тој ми кажа дека ќе си замине ако не играме во ЛШ. Ние имаме замена тоа е Владо Недановски, човек кој работел со Парондо, Раул, Вујовиќ, Алушовски…Тој ќе биде опција. Ако Давид се предомисли кога ќе види дека играчите останеле, може да дојде и да продолжи во Вардар“, изјави Михајловски
Фото: РК Вардар