Дома Трансфер зона Трансферот на Луис Суарез може да биде потврден уште денес!

Трансферот на Луис Суарез може да биде потврден уште денес!

Иако има 35 години, Луис Суарез се уште привлекува голем интерес. Во претходниот период Уругваецот се поврзуваше со повеќе клубови, а според последните информации кариерата ќе ја продолжи надвор од Европа.

Суарез сака средина каде што ќе биде сигурен во стартниот состав со цел да биде во најдобра форма за Светското првенство во Катар на крајот од годината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот новинар Бруно Ваин пишува дека Суарез наскоро ќе стане нов член на Ривер Плата, и потенцира дека овој трансфер би можел да биде официјализиран уште денеска.

Ривер сака замена за Алварез кој премина во Манчестер Сити. Освен фудбалската класа која секако не е спорна, Суарез сигурно би бил и најзвучното име во тимот на Ривер.

Веќе има информации и за годишната плата на Суарез која би требало да изнесува околу 4.6 милиони евра по сезона, времетраењето на договорот засега не е познато.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи ја најде замената за Тиаго Силва

Челзи е еден од заинтересираните тимови за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој има …