Дома Фудбал Германија Порака од Баерн до Левандовски: Има договор со нас и го очекуваме на тренинг!

Порака од Баерн до Левандовски: Има договор со нас и го очекуваме на тренинг!

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ изјави дека клубот не сака да ја отвори вратата за заминување на Роберт Левандовски, иако во баварскиот тим од Ливерпул пристигна напаѓачот Садио Мане. Левандовски од друга страна сака кариерата да ја продолжи во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Нашиот став по ова прашање е јасен, Левандовски има договор со нас до летото 2023 година“, изјави Салихамиџиќ за „Билд“.

Салихамиџиќ ја отфрли можноста да си замине дури и ако Барселона понуди значително поголема сума за полскиот голгетер.

„Не се занимавам со тоа. Го очекуваме Роберт на тренинг на 12 јули“, додаде спортскиот директор на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ибрахимовиќ откри кој му бил најдосаден натпревар досега на Мундијалот: Заспав во второто полувреме (Видео)

Легендарниот шведски напаѓач од босанско потекло, Златан Ибрахимовиќ, на својствен начин г…