Дома Македонски спорт Мак ракомет Шок за Вардар: ЕХФ ќе го исфрли од Лигата на шампионите!

Шок за Вардар: ЕХФ ќе го исфрли од Лигата на шампионите!

Лоши вести за македонскиот ракомет доаѓаат од Келн.

Како што неофицијално дознава специјализираниот сајт за ракомет „Балкан-Хендбол“, Европската ракометна федерација донела одлука да му забрани на македонскиот шампион Вардар да настапува во Лигата на шампионите на ЕХФ во сезоната 2022/2023.

Причина за ваквата одлука е нерасчистената финансиска состојба и неисплатени долгови кон некои ракометари, која го доведе во прашање настапот на двократниот освојувач на Лигата на шампионите на ЕХФ од 2017 и 2019 година и минатата сезона, но ЕХФ тогаш му прогледа низ прсти на тимот од „Јане Сандански“ .

Официјалната одлука се очекува до крајот на неделата.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Клењоски со седум гола, Македонија без бодови на отворањето во Подгорица

Македонската селекција до 16 години загуби од Црна Гора со 20:26 на Регионалниот Челинџ ку…