Дома Останати Ракомет Келце е првиот финалист во Лигата на шампионите!

Келце е првиот финалист во Лигата на шампионите!

Полскиот ракометен гигант, Келце ќе игра за титулата во ЛИгата на шампионите откако попладнево го победи Веспрем со 37:35.

Веспрем беше одличен во првото полувреме кое го доби со 18:16, но второто полувреме донесе одлична игра на Келце кој со серија од 7:2 дојде до највисоките плус три на натпреварот 23:20.

Најдобар поединец на паркетот беше Морито со осум гола, толку постигна Расмус Лауге Шмид, а кај Веспрем по седум постигнаа Ненадиќ и Мануел Штрлек.

Киелце во утрешното финале ќе го чека подобриот од пресметката помеѓу Кил и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Драматичниот финиш со трагичен крај за Вардар (Видео)

Вардар беше на чекор до позитивен резултат против Нант, но францускиот тим успеа да слави …