Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА испадна смешна со одлуката за нападот на Леонардо и Келаифи на судиите по мечот со Реал

УЕФА испадна смешна со одлуката за нападот на Леонардо и Келаифи на судиите по мечот со Реал

И уште еднаш УЕФА му прогледа низ прсти на францускиот гигант Парис Сен Жермен, овој пат не е во прашање финансискиот фер-плеј туку однесувањето на Леонардо и Ал Келаифи после поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

По поразот од „кралевите“ Келаифи и Леонардо се симнале во соблекувалните и насилно се обиделе да влезат во просториите на судиите. Ова беше и заведено во официјалниот записник од судијата Дани Мекели.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мекели во извештајот навел дека вратата била блокирана, а Келаифи намерно удрил и скршил едно од знаменцата на помошниците. Освен тука првиот човек на ПСЖ имал закани по живот кон новинарот на „Марка“ кој снимил се што се случувало.

Сега стигна одлуката на УЕФА која е навистина смешна и можеби ќе беше очекувана ако се работеше за натпревар од аметерски ранг, а не за дуел од најелитното европско натпреварување.

Имено, Леонардо кој и не е веќе во ПСЖ казнет е со еден натпревар суспензија, додека за газдата на клубот од Париз нема никаква казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…